Даме Груев бб,
1440 Неготино

Почитувани љубители на театарот и театарската уметност, чест и задоволство ни е да најавиме дека на 27.10.2022 година со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино настап ќе има уште една професионална театарска претстава.
Во гости ни доаѓа Театар Куманово со комедијата "Секс и лаги" која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот "Денови на комедија 2022".
? Театарска претстава која заслужува задолжително присуство!
? Билетите се во продажба во НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино од 18.10.2022 (вторник) по цена од 200 денари.
 
 
14.10.2022 (петок) Манастир "Св. Ѓорѓи" Неготино
Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино организира ликовен хепенинг "Балкански културни средби" кој ќе се одвива во преубавата природа на Манастирот "Св. Ѓорѓи" Неготино, каде што учество ќе земат реномирани академски сликари од нашата земја.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.
 
04.10.2022 (вторник)  од 19.30 час. во Кино сала при НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино
? Почитувани љубители на театарот и театарската уметност,
Чест и задоволство ни е да ја најавиме театарската претстава "За штетата од тутунот" монодрама од Антон Павлович Чехов, а во изведба на Ѓорѓи Ташулов член на аматерскиот театар " Ацо Ѓорчев" при Центарот за култура Неготино.
? Влез: 100 ден.

На 20.09.2022 година (вторник) од 12:00 часот во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи Изложба на слики од Детската ликовна колонија која се организираше во Манастирот „Св.Ѓорѓи“ Неготино оваа година. Ги покануваме сите заитересирани за ликовната уметност да присуствуваат на изложбата.