22 и 23.11.2021 година со почеток од 19:00 часот, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува документраниот филм „Каде припаѓаме“. Претставата ќе се одржи по сите протоколи за заштита од COVID 19 вирусот, влез само 50 денари.
Кратка содржина
Родителите се разделуваат, семејството се распаѓа. Од она што некогаш било едно сега произлегуваат два одвоени светови. Децата сега живеат меѓу два домови, во постојана транзиција. Филмот се обидува да ни ја приближи детската реалност и се фокусира на тоа колку децата се кревки, но истовремено и колку храбро, паметно и со смеа ја перцепираат нивната состојба.
Година: 2019
Режија: Жаклин Цинд
Времетраење: 78 мин
Земја: Швајцарија
Втора категорија
Дистрибутер: Узенгија
Жанр:Документарен филм
· Номиниран за Кристална мечка на Берлин Филм Фестивал 2019 во Generation Kplus
програмата
· Добитник на Young Eyes наградата на Документарниот фестивал во Лајпциг