Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 19 мај 2021 година (среда) со почеток од 19:30 часот ќе се организира Концерт на Македонски Брас Квинтет. Концертот ќе се одржи пред Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино доколку дозволат временските прилики, во спротивно ќе се одржи внатре во фоајето  Центарот за култура според сите протоколи за заштита од вирусот Ковид 19.

Повеќе: 19.05.2021 КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ БРАС КВИНТЕТ

На 23. април 2021 год. петок со почеток од 14:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи литературно читање со настап на ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Неготино под менторство на наставниците Весна Ристова и Пандорка Илкова. Настанот ќе се одржи со сите протоколи наложени поради опасноста од Корона вирусот.

 

На 31.03.2021 година со почеток од 18:00 часот во киното на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува филмот „Брит Мери беше тука“, претставата ќе се одржи по сите протоколи кои се задолжителни поради состојбата со корона вирусот.

KРАТКА СОДРЖИНА

63-годишната Брит-Мари го напушта неверниот сопруг по 40 години брак и животот на посветена домаќинка. Вистински предизвик е да најде работа во малиот град Борг особено откако ќе ѝ кажат дека е досадна пасивно-агресивна тетка.  Се вработува како тренер на детски фудбалски тим и така почнува нејзиното патување сочинето од тешки предизвици, борби, но и љубов.

Година: 2019
Режија: Тува Новотни
Времетраење:  97 мин
Земја
Шведска
Жанр
Комедија, драма, спорт

Дистрибутер за МакедонијаКТ Филм и Медиа

Шведска продукција базирана на бестселерот на Фредрик Бакман

линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt8103160/?ref_=fn_al_tt_1

линк од трејлер:  https://www.imdb.com/video/vi2008661785?playlistId=tt8103160&ref_=tt_ov_vi